Политика за квалитет и околина
АДА-ФАЛКЕ ја утврдува оваа политика за квалитет и животна средина заради обезбедување на производите и услугите кои им ги испорачува на купувачите, во целост да ги исполнуваат нивните барања и да бидат во согласност со важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди.
Насоченоста кон потребите на купувачите и задоволството на купувачите од извршената работа се најважните вредности според кои АДА-ФАЛКЕ ја мери и одредува својата вкупна успешност.
За да ги постигнеме, одржиме и зајакнеме тие вредности, трајно се обврзуваме:
- Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
- Да набавуваме најсовремени материјали и опрема, како и да ја одршуваме и подобруваме инфраструктурата и околкината за пријатна работа
- Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
- На клиентите да им нудиме најоптимални и целосни решенија
- Да реализираме решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на клиентите
- Да водиме грижа за животната срeдина
- Рационално да ја трошиме енергијата, суровините и останатите природни ресурси
- Да спречуваме создавање на отпад и вршиме класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање
- Да ја применуваме и подобруваме ефикасноста на системите за управување со квалитет и животна средина втемелени на барањата на меѓународните норми ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 и да тежнееме кон надминување на висината на тие барања
- Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет и животна средина
- Секој вработен во фирмата мора да биде запознаен со политиката за квалитет и животна средина, да ја разбере и прифати како трајно начело во сопственото работење.