ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ И ОКОЛИНА

Интегрираната политика за квалитет и околина е составен дел од нашата работна политика.

Таа се темели на нашата цел да оствариме позитивни резултати и висока почит во работењето и да го одржуваме тоа ниво вршејќи брза, навремена и ефикасна услуга при управување со преносни тоалети.

Целта е да се задоволат потребите на корисниците на нашите услуги, а притоа да ги применуваме и почитуваме сите мерки за заштита на животната околина, да се грижиме за здрвајето на нашите вработени и нивната безбедност при работа.

СТАВОВИ НА ПОЛИТИКАТА НА ИНТЕГРИРАНИОТ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

  • Воведување на системите за управување со квалитет кои се во согласност со меѓународните стандарди: ИСО 9001 : 2008 и ИСО 14001 : 2004, се со цел истите тие стандарди да ја зајакнат врската меѓу нашите интереси и интересите на кориниците на нашите услуги.
  • Раководството да учествува во сите процеси за управување со квалитет
  • Вработените да се вклучени во извршување на активностите за спроведување на политиката за управување со квалитет
  • Надградба на работењето
  • Надградба на односите со деловните партнери
  • Следење на глобалните трендови во поглед на модернизација и развој на деловното работење, со цел примена на истите во сопственото секојдневно работење
  • Развој на организацијата на работењето со цел спречување на загадување на вода и земја
  • Континуирано подобрување на заштитата на животната средина
  • Создавање на безбедни и здрави услови за работа

Се обврзуваме на висока професионалност во извршувањето на работите, одговорност, спроведување на обуки за квалитет, мотивација на вработените, со цел да успееме да ја спроведеме Политиката на интегрираниот систем за управување со квалитет.

Скопје, 10.01.2011

АДА ФАЛКЕ Суада Бибиќ
управител


Корисни
Информации за Вас!
  (c) Copyright 2008 Ada Falke